OФИЦИЈАЛНО: Бојана Поповиќ ја почнува новата ера во Будуќност

Легендарната ракометарка на Будуќност, Бојана Поповиќ е наследникот на Драган Аџиќ на тренерската клупа во црногорскиот шампион.

Управниот одбор на клубот донесе одлука да ја назначи за тренер Поповиќ, која му беше долго време асистент на Аџиќ. Тој поднесе оставка по поразот од Ѓер во Лигата на шампионите.

Ова ќе биде прв тренерски предивик за Поповиќ како главен тренер во некој клуб, а претходно беше селектор на кадетската репрезентација на Црна Гора на Светското првенство во Полска во 2018 година.

Таа во меѓувреме му стана помошник на новиот селектор на Црна Гора, Ким Расмусен и ќе биде дел од стручниот штаб на претстојното Европско првенство во Данска.