Тимот на Овче Поле СУ ја забележа втората победа во новата сезона од Првата женска лига, откако славеше против Шампион со 47-10.
Победникот беше познат уште пред стартот на мечот, а во текот на првиот дел домаќинките имаа 22 гола предност, 24-2.
До паузата Овче Поле СУ, за кој сите ракометарки се запишаа во листата на стрелци, стигна до 26-5, а вториот дел ја дуплираше разликата.
Девет гола за победникот имаше Анастасија Сентовска, а по шест Јана Ристовска и Јована Ангеловска, додека кај Шампион пет гола даде Викторија Димеска.