Овче Поле СУ ја промовираше Блажевска

Тимот на Овче Поле Славјански Универзитет го промовираше првото засилување за претстојната сезона во Женската лига.

Станува збор за левото крило Татјана Блажевска, која може да покрие и на левата бековска позиција.

Таа досега беше дел од составот на Шампион, а во новата сезона ќе има можност да игра во Свети Николе.

Тимот предводен од Илија Бетувски ова лето остана без Конева која замина во Пелистер, како и без квартетот Павловска, Вучевска, Манева и Сентовска, кои го засилија Астибо.