Тимот на Овче Поле Славјански Универзитет славеше во регионалниот двобој против штипски Астибо со 32-30, иако во ростерот имаа само 11 ракометарки.
Домаќинките предводени од расположената Марија Анчева, во првиот дел го диктираа темпото и имаа контрола, но по водството од 7-5 следуваше огромен пад.
Гостинките од Свети Николе ги казнија сите грешки, направија комплетен пресврт и по 8-8, се одлепија на плус шест, 14-8, а до паузата стигнаа и до 16-9.
Во второто полувреме штипјанки направија се што беше во нивна моќ, успеаја во финишот да ја стопат високата негатива, но немаше време за нешто повеќе од чесен пораз.
Во составот на победникот осум гола даде Конева, а по шест постигнаа Манева, Вучевска и Сентовска, додека кај Астибо стандардно Анчева беше најдобар стрелец со 13 гола.