Тимот на Овче Поле СУ од Свети Николе го продолжува составувањето на ростерот пред стартот на новата сезона и промовираше уште две нови имиња.
Станува збор за младите и талентирани ракометарки Тијана Темелковска и Мартина Терзијовска, кои пристигнуваат од Велес.
За двете ракометарки ова ќе биде дебитантски настап во сениорска конкуренција, а со тоа тренерот Бетувски ќе добие значително поголема ротација во составот.
Ова е продолжение на активниот преоден рок за Овче Поле СУ, откако претходно во клубот пристигнаа голманката Дона Маркоска од Пелистер, како и Елена Вучевска и Наталија Манева, кои се вратија од Астибо.
Составот од Свети Николе очигледно влегува во сезоната со амбиции и освежен тим, во кој младоста и енергијата ќе имаат главната улога.