Тимот на Овче Поле СУ славеше на гостински терен кај Јехона со 37-12 во натпреварот од 18 коло во прволигашката конкуренција.
Избраничките на Илија Бетувски водеа на полувремето со 18-7, а во вториот дел само рутински ја одработија задачата.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Јана Ристовска со девет и Наталија Манева со седум погодоци. Во Јехона, Алтина Хасани постигна девет гола.
На табелата Атлетик има 30 бодови, а тимот од Свети Николе е на второто место со 22 бода.

























