Тимот на Овче Поле го победи составот на Астраион со 33-24 во натпреварот од 12 рунда во прволигашкиот плеј-аут.
Со новите три бода и со поразот на Партизан Гевгелија кај Текстилец, Овче Поле со 26 бода ќе остане недостижен на првото место во следните две кола.
Гостите од Струмица одржуваа рамнотежа во најголем дел од првото полувреме, но попуштија во финишот и на пауза заминаа со негатива, 15-11.
Потоа во вториот дел беше полесна работата за Овче Поле и беше само рутински одработена задачата до крајот на натпреварот.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Стојанче Ристов со седум, како и Марио Даскалов и Кирил Буровски со по шест гола, додека кај Астраион се истакна Васе Наков со седум реализации.