Овче Поле издржа едно полувреме, Драчево славеше убедливо

Тимот на Драчево славеше против Овче Поле со 38-27 во пресметката од 9 коло од прволигашкиот плеј-оф.

Гостите од Свети Николе успешно парираа во првото полувреме, имаа и плус три во повеќе наврати, но попуштија во финишот и Драчево направи комплетен пресврт, 16-13.

На стартот на второто полувреме, по 16-15, домаќините направија серија за 20-15 и практично го решија прашањето на победникот, а до крајот беше рутински одработено.

Најдобри стрелци кај победникот беа Димитар Петковски со девет гола и Филип Дабески со седум, додека кај Овче Поле се истакна Кристијан Стаменков со осум погодоци.