Македонија загуби од Франција со 32-25 во последното коло од главната рунда на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.
Десниот бек Томислав Јагуриновски вели дека настапот на ова СП и натпреварите ќе му останат во добро сеќавање.
„Meчот против Франција беше тежок за играње, бидејќи тие се репрезентација која на секое првенство се бори за медал. Сакам да им честитам на сите момци, се надевам дека на следни натпреварувања ќе ја радуваме Македонија со подобри резултати. Сите натпревари кои ги игравме во Вараждин, ќе ми останат во добро сеќавање, како една позитивна работа за нас. Имаше мал период кога не бевме доволно добри за да ги задоволиме сите, но ќе се трудиме да бидеме подобри и подобри“, кажа Јагуриновски.
Следен предизвик за Македонија ќе биде двомечот против Словенија во март од квалификациите за ЕП 2026.