Португалскиот првак Спортинг Лисабон дојде во Битола без пораз на десет официјални средби оваа сезона.
Покрај Барселона, која ги победи во финалето на Иберискиот Супер Куп, прва екипа против која португалскиот тим губи бод е Еурофарм Пелистер.
Голманот Мохамед Али вели дека ова е сепак ракомет, и вакви работи може да се случат, односно да се примат три гола во последните моменти.
„Знаевме пред да дојдеме овде дека ќе биде тешко. Никој лесно не може да победи во домот на Еурофарм Пелистер. Водевме во последните десетина минути, но направивме некои грешки, сепак сме млада екипа. Загубивме еден бод овде, но и понатаму сме без пораз. Можеби не верувавме дека ќе примиме три гола во последните минути, но ова е ракомет и се случи тоа што се случи“, вели Али.
Спортинг Лисабон сега седум бода и останува на врвот на табелата, додека Еурофарм Пелистер е шести со еден бод.