„Отровни стрели“ кон ЕХФ за распоредот на ЕП: Ова не е нормално!

Критиките кон европската куќа на ракометот во поглед на распоредот на Европското првенсто во Данска, Шведска и Норвешка, не стивнуваат.

Асистентот на Дагур Сигурдсон, Денис Шпољариќ, вели дека е премногу да се одиграат четири меча од главната рунда во шест натпреварувачки дена.

Хрватите играа во петокот, играат денеска, а ќе мора да играат вторник и среда, што ќе биде голем проблем за полуфиналистите од оваа група кои ќе треба да играат в петок.

„Ова е болесno, ова не е нормално. Рагбистите играат натпревар на секои седум дена, а и ова е контактeн спорт. Кога сега би ги погледнале момците како изгледаат, јасно е дека не можат да се опорават за 24 часа. Тука играчите треба да се побунат и да преземат нешто, затоа што ова навистина не е нормално. Затоа и се случуваат милион повреди, но ние тука не можеме ништо да направиме“, заклучи Шпoљариќ.