Отпаднаа двајца за СП, но Жил се уште ќе ги чека Пранди, Деска и Мем

Селекцијата на Франција ги започна подготовките за настапот на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка.

Иако планираше 22 ракометари, селекторот Гијом Жил, ќе има на располагање 20 на тренинзите пред Мундијалот.

Двајца ракометари отпаднаа од списокот – десното крило Јанис Лене и средниот бек Кентан Мае, но остануваат на списокот на резерви.

Останатите тројца повредени ракометари – Елохим Пранди, Дика Мем и Уго Деска, нема да тренираат со групата, туку само индовидуално, па дополнително ќе биде познати дали ќе патуваат на СП.

Франција ќе тестира против Чешка и Португалија пред СП, а во групната фаза ќе се сретне со селекциите на Австрија, Катар и Кувајт.