Поранешниот македонски шампион Борец нема да игра во новата сезона од прволигашката конкуренција, откако се откажа пред стартот на првото коло претстојниот викенд.
Борец кој беше шампион на Македонија во 1995 година, со години наназад кубуреше со финансиски проблеми, последните неколку сезони едвај собираше десет ракометари за настап, а сега иако пријави екипа и беше дел од ждрепката, нема да игра.
Велес за разлика од лани, сега ќе има само еден тим, Бисинов Ф., кој се натпреварува во елитната конкуренција.
Откажувањето на Борец значи дека во новата сезона од Првата лига ќе играат вкупно 17 екипи, групата А ќе продолжи со една екипа помалку, односно осум и во секое коло ќе има по две слободни екипи.
Голем дел од прволигашите имаат финаниски проблеми, ги чекаат финансиите од ваучер-системот, односно државната помош, но ќе го стартуваат натпреварувањето со надеж дека ветеното до крајот на овој месец ќе биде исполнето.