Денеска во 12:00 часот беше закажан натпреварот меѓу Астибо и Стружанка во рамки од 3. коло од Женската лига.
Сепак, натпреварот во Штип нема да се одигра, бидејќи гостинките од Струга уште во текот на вчерашниот ден го известиле РФМ дека нема да патуваат.
Натпреварувачката комисија на РФМ ќе постапи согласно пропозициите за Женската лига и ќе го регистрира натпреварот со службена победа за домаќинките и 10-0.
Со овие бодови, штипјанки ќе бидат многу блиску до позиција што води во плеј-офот од Женската лига.
Двете екипи се дел од групата А, во која се уште и Чаир, Скопје и Ѓорче Петров 2.