Осум македонски тренери во изминатите два дена беа во Врњачка Бања во Србија, каде што ги обновија Мастер Коуч лиценците.
Oд 9 до 11 јуни, во организација на Ракометниот Сојуз на Србија се одржа семинарот за обнова на највисоките лиценци кај тренерите.
Нови Мастер Коуч лиценци имаат Билјана Црвенкоска, Горан Кузманоски, Ице Соколески, Звонко Шундовски, Марија Папуџиева, Божидар Мојсов, Зоран Петковски и Игор Котевски.
РСС го организираше семинарот во соработка со ЕХФ, а покрај од Македонија, учествуваа 64 тренери од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Романија, Унгарија, Швајцарија и Шпанија.
Предавачки на овој семинар беа Марко Шибила од Словенија, Горан Цветковиќ од Србија и Луис Сантош од Германија.