Машката репрезентација на Грузија, која нема да учествува на Мундијалот 2025, повторно ќе биде дел од силниот турнир „Трофеј Карпати“ во Романија.
Селекторот на Грузија и екс член на Вардар, Тите Каланадзе, го одреди составот за турнирот, а меѓу повиканите играчи се најде левиот бек на Охрид, Теимураз Орјоникидзе.
Избраниците на Каланадзе на „Трофеј Карпати“ ќе играат со Романија, Србија и Турција и овие три контролки ќе бидат одлична подготовка за квалификациските натпревари за ЕП 2026.
Грузија во квалификациите за пласман на континенталниот собир е во група со репрезентациите на Исланд, Грција и БиХ.
Во воведните два натпревари беше поразена од Исланд и Грција, но и понатаму останува во игра за пласман на Европското првенство.