Органџиев замина од Прилеп

Тимот на Прилеп на крајот на сезоната се раздели со тројца ракометари што беа дел од составот на Страшо Илиески.

Покрај левото крило Давид Трајкоски кој се пресели во Автокоманда и десниот бек Никола Шипинкоски, кој се врати во Охрид по позајмицата, замина и Ангелче Органџиев.

Велешанецот, кој настапува на левата бековска позиција, беше дел од Прилеп и имаше поголема улога во дефанзивниот дел.

Покрај настапите за Прилеп, Органџиев играше и за Борец, Вардар Јуниор, Радовиш, Тиквеш, како и за германскиот Цвикау.