Предводени од Ѓорѓи Орешков и Наќе Ѓорѓев, ракометарите на Вардар Неготино прославија лесен триумф над Текстилец.
Неготинци на домашен терен беа подобри од штипскиот состав со убедливи девет гола разлика, 41-32, откако на паузата водеа со 20-17.
Орешков и Ѓорѓев стрелаа по 11 пати во гостинската мрежа, а беше нерешено само на стартот 2-2. Потоа се беше во знакот на домаќините, кои не им дозволија на штипјани да се надеваат на позитивен резултат.
Во составот на Текстилец се истакнаа велешаните Лазар Стојанов со осум и Јован Атанасовски со седум погодоци.

























