Тимот на Охрид објави дека успешно поминала операцијата на еден од најдборите стрелци на тимот, Теимураз Орјоникидзе.
Грузскиот репрезентативец заработи тешка повреда на репрезентативниот настап против Грција од квалификациите за ЕП 2026.
Тој ги скина предните вкрстени лигаменти и го очекува долг процес на рехабилитација, а од клубот му посакаа побрзо враќање на терените.
Левиот бек ќе го пропушти првиот дел од новата сезона, во која Охрид ќе влезе со големи амбиции да се вмеша во битката за трофеите.