Ончев: Дојдов да играм плеј-оф со Голден Арт

Скопскиот суперлигаш Голден Арт останува во игра за место што води во плејфото и борбата за титулата откако со 31-24 (16-7) го победи Вардар Неготино. „Бело-црните“ имаат 13 бода, само два помалку од Бутел и од Пролет, и меѓу тие три екипи ќе се барат патниците за разигрувањето за титулата.

Средбата со тимот од Неготино за домашните повеќе делуваше како „посилен тренинг“. Од самиот почеток домаќините имаа водство кое го одржаа до самиот крај.

„Сериозно го сфативме натпреварот, го гледавме првиот меч и видовме како беше тогаш, до самиот крај „егал“. Затоа трениравме напорно, и физички и тактички, и покажавме дека можеме добро да играме. Клучот за победата и високата предност во првиот дел беше почетното водство од 6-0. Потоа малку с еопуштивме, што е нормално кога имаш висок апредност, и најважно е што освоивме три бода, вели Тоше Ончев, бекот на скопјани.

За разлика од претходните мечеви кога ги губеа мечевите во последниот период од играта, сега има еден нов поразличен Голден Арт. Поразновиден, поубоит и порелаксиран, за играње без притисок.

„Можеби првите две кола кои ги добивме тесно, со Мулти Есенс и со Вардар Неготино, направија мала нервоза во тимот, и тоа влијаеше кај нас. Но, разговаравме и сите си рековме: вака не може повеќе, и сериозно ја сфативме ситуацијата, вели Ончев.

Врзаа две победи скопјани, и следните три седмици ќе бидат клучни за нивниот прв историски пласман во разигрувањето. Прво гостуваат кај Еурофарм Пелистер, по завршување на ЕХФ репрезентативната недела, а потоа за една недела играат два клучни меча, со Бител и со Пролет.

„Важен е и тоај со Еурофарм Пелистер, но најважни се двата скопски дуели. Секако дека имаме шанси, и фокусирани сме на тие натпревари. Секако ќе дадеме се од себе. Јас дојдов во Голден Арт за да играме во плејофот, вели Ончев.

 

Голден Арт пак во игра за плеј-оф: Го „преслуша“ Вардар Неготино