На натпреварот меѓу ПСЖ и Еурофарм Пелистер, своето деби во дресот на „светците“ ќе го има десниот бек Омар Јахја.
Египетскиот репрезентативец вели дека е многу возбуден и дека едвај го чека стартот на Лигата на шампионите.
„Возбуден сум за својот прв натпрвар во Лигата на шампионите со ПСЖ во „Пјер Де Кубертен“. Тоа ќе биде специјален момент за мене, едвај чекам да дадам свој максимум и да му помогнам на тимот во ова престижно натпреварување. Во последните сезони бев одушевен од салата на ПСЖ, а сега ќе ми биде задоволство да го носам дресот на овој клуб. Едвај го чекам стартот на новата европска сезона“, изјави Јахја.
Натпреварот меѓу ПСЖ и Еурофарм Пелистер се игра вечерва со почеток во 20:45 часот.