Олимписките медали со „парче“ од Ајфеловата кула

Ова лето во француската престолнина Париз ќе се одржува најголемиот спортски настан во светот – Олимписките игри.

Организаторите на најголемата спортска манифестација пред извесен период одлучија како ќе изгледат медалите.

Без разлика дали медалите ќе бидат златни, сребрени или бронзени, сите ќе содржат посебно парче метал.

Тоа парче метал некогаш било дел од Ајфеловата кула, која е изградена во периодот од 1987 и 1989 година.

Од нејзината изградба, па до денес, претрпела неколку пати реконструкции, а тоа последен пат беше пред една деценија.