Знаменосецот на Франција на ОИ 2024, Флоран Манаду, му се врати на ракометот и тренира со третолигашот Антиб.
Манаду во 2016 година кога реши да престане со пливање, беше дел од Екс Ан Прованс, но тоа кратко траеше и се врати во базените.
Сега одново почнува ракометна авантура и ќе биде дел од третолигашот Антиб.
„Се радувам на можноста да се вратам на ракометот. Тоа е добра прилика што ќе ми дозволи да се оттргнам од рутината и да се забавувам, но и да ја подобрам својата физичка подготовка. На оваа етапа од мојата кариера, важен е балансот меѓу психичкото и физичкото, и тој факт што можам паралелно да бидам активен во двата спорта, ми дава нова мотивација“, вели Манаду.
Пливачот, но и ракометар, на последните ОИ во Париз освои два бронзени медали.