Грчкиот шампион Олимпијакос го промовираше второто засилување пред стартот на новата сезона.
По Јосип Периќ, тимот што е предводен од Жељко Бабиќ, го донесе десниот бек од Србија, Предраг Вејин.
Српскиот репрезентативец доаѓа од хрватскиот Нексе Нашице каде што играше од 2021 година и комплетираше три сезони.
Го носеше дресот на Металург во 2017/2018, а беше дел од Металопластика, Адемар Леон, Данкерк, Ал Џазира, Железничар, Рамат Хашарон и Висла Плоцк.
Олимпијакос, како и лани, така и ова лето ќе биде учесник на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид.