Тимот на Олимпијакос го освои трофејот во Супер Купот на Грција откако славеше против ПАОК од Солун.
Олимпијакос го победи солунскиот тим, каде што играат двајцата македонски интернационалци Виктор Гигов и Дарко Георгиевски со 32-25.
Георгиевски погоди три пати на овој натпревар, но немаше голема поддршка од соиграчите во нападот.
Во победничкиот тим предводен од Жељко Бабиќ, се истакнаа Пасијас со шест, како и Савас и Вејин, екс бекот на Металург, со по пет погодооци.