Ол-стар натпревар во Мостар: Четворица од семејството Карачиќ во ист тим

Како и секоја година пред новогодишните празници, во Мостар се игра ревијален натпревар со ракометарите по потекло од овој град.

Ол-Стар натпреварот што ќе биде на програмата денеска е уникатен по еден факт – дури четворица претставници од семејството Карачиќ ќе бидат на теренот.

Покрај Игор и Иван, во една од двете екипи на теренот тренер ќе биде нивниот татко Анте, а во екипата ќе биде и третиот брат – фудбалскиот голман Горан.

Покрај браќата Карачиќ на Ол-Стар натпреварот ќе играат и Марино Мариќ, Марин Шего, Фахрудин Мелиќ….