Ракометарите на Охрид по двете стартни победи во Супер лигата, ги очекува третиот предизвик и гостување кај незгодниот Прилеп.
Левото крило Гоце Ојлески, кој има многу суперлигашки натпревари зад себе вели дека Прилеп е анализиран и дека станува збор за млада, добра и борбена екипа.
„Одигравме два меча и запишавме две победи. Можеби онаа победа против Бутел Скопје не беше така убедлива, но победа си е победа без разлика на играта. Тренираме и се подготвуваме за дуелот што не очекува против Прилеп. Станува збор за една млада екипа, добра и борбена екипа, ги гледавме и ги анализиравме. Комплетни тренираме и се надеваме дека сите ќе бидат спремни за настап в сабота. Секако дека одиме на победа и ќе дадеме максимум за уште еднаш да ги израдуваме нашите навивачи“, изјави Ојлески.
Натпреварот меѓу Прилеп и Охрид ќе се игра во салата „Р.Р.Ричко“ в сабота со почеток во 18:00 часот.