Ракометарите на Охрид ги очекува реваншот од четвртфиналето на ЕХФ Европскиот Куп против грчкиот Олимпијакос.
По триумфот со 31-26 на првиот меч и капиталот од пет гола, охриѓани се на чекор до полуфиналето, а капитенот Гоце Ојлески ги сподели очекувањата.
„Одигравме тежок меч во Атина, но имаме и неколку повредени играчи. Натпреварот во сабота нема да биде лесен. Олимијакос е искусна и квалитетна екипа, со квалитетни играчи, кои сигурно ќе пробаат да променат од првиот меч нешто во играта, да не изненадат и не се откажани од пласманот понатаму. Ги повикувам сите љубители на ракометот, да дојдат и да ни дадат поддршка, тоа да биде прав спектакл и се надевам ќе го оствариме тоа што ни е зацртано. Мора да останеме сплотени и заедно да оствариме успех за нашиот клуб“, вели Ојлески.
Реваншот меѓу Охрид и Олимпијакос се игра утревечер од СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток од 18:00 часот.


























