Ракометарите на Охрид победнички се вратија во Европа, откако на домашен терен убедливо ја совладаа екипата на Потаиса Турда со 31-25.
Иако победата можеше да биде и повика, сепак левото крило Гоце Ојлески вели дека е задоволен од одиграното.
„Дали е доволна оваа е победа, ќе видиме, треба да се игра и уште еден натпревар. Задоволен сум, одигравме борбено, машки, заслужено победивме. Иако можеше да славиме и со осум гола, примивме гол во послендата секунда, но тоа е спортот. Одиме таму да одиграме исто борбено. Турда е квалитетен ривал, јас играв многу пати на гости кај оваа екипа додека бев во Романија и најголемо оружје за нив е домашниот терен. Мислам дека треба да се подготвиме уште подобро и уште појако, нема што да се плашиме и да браниме, ќе одиме да се надигруваме. Имаме доволен квалитет и доволно искусни играчи, за и таму да одиграме добар натпревар“, вели искусниот Ојлески.
Реванш средбата меѓу Потаиса Турда и Охрид ќе се одигра на 26 октомвр во „Турда Арена“ со почеток во 17:00 часот.
Охридска ракометна рапсодија – „гладијаторите“ со голем чекор кон следното коло