Охриѓани со 42 гола во мрежата го испратија Тиквеш дома

Очекувано Охрид е на чекор до Ф4 турнирот во Купот на Македонија откако во полуфиналето на групата В, со 42-25 го победија Тиквеш.

Утре се игра второто полуфинале меѓу Куманово и Младост, но повеќе од сигурно е дека „гладијаторите“ нема да имаат проблеми да стигнат меѓу најдобрите четири екипи.

Тиквеш загуби, но може да биде задоволен зашто му дадоа на ривалот 25 гола, најмногу сезонава. На претходните две средби од регуларниот дел на сезоната двапати победи Охрид (31-19 и 24-19). Во разигрувањето за титулата ќе се сретнат уште двапати меѓусебе.

Почетното водство од 6-0 на Охрид беше најавата за високиот триумф, а ниту тајмаутот што го побараа гостите во 5. минута не смени многу. Во следните пет минути беше 10-3, а во 24 минута првпат предноста беше двоцифрена, 19-9. Имаа домашните водство и од „плус 12“ ама на дмор заминаа со водство 23-12.

Џанфранко Прибетиќ постигна 9 гола од 11 удари и беше најпрецизен на средбата, а Стефан Петриќ даде 7 гола од обиди за Охрид. Кај гостите Димитар Коцев постигна 5 гола.