Охриѓани ја стартуваат евро-сезоната, билетите се во продажба

Ракометарите на Охрид в сабота на свој терен ќе ја стартуваат авантурата на европска сцена, поточно во Европскиот Куп.

Охрид, кој по пауза од седум години повторно се враќа во Европа, во рамки од втората рунда од Европскиот Куп ќе се соочи со Потаиса Турда од Романија.

Од Охрид соопштија дека продажбата на картите за овој натпревар е во тек онлајн на следниов ЛИНК. Цената на картите изнесува 250 денари на сите блокови, а сите седишта се нумерирани.

Продажбата на mktickets.mk ќе оди онлајн заклучно со 17.10.2024 (четврток). Останатите непродадени карти ќе се продаваат на билетара на 18 и 19.10 до самиот почеток на натпреварот.

Натпреварот меѓу Охрид и Потаиса Турда е закажан за 19 октомври во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 19:00 часот.

Реваншот ќе се игра о Романија на 26 октомври со почеток во 17:00 часот, по што ќе се знае дали „гладијаторите“ ќе продолжат во третата рунда од Европскиот Куп.