„Охриѓанецот“ Лиапис ја однесе Грција на чекор до Мундијал!

По селекцијата на Израел, Грција е вториот патник од вториот во третиот бараж за Светското првенство во Германија.

По триумфот во Халкида на првиот меч, јужниот сосед на Македонија славеше против Белгија и на гостински терен со 34-31.

Покрај Тоскос и Боскос, ракометарот на Охрид, Николаос Лиапис, беше меѓу предводниците до новата победа.

Лиапис успеа да погоди пет пати од пет обиди во мрежата на Белгија и сега Грција се најде на чекор до пласман на СП 2027.

Ривал на Грција во мај ќе и биде селекцијата на Холандија.