„Охриѓанецот“ Каракоч има нов клуб

Турскиот репрезентативец Ерај Каракоч, во претстојната сезона ќе има нов предизвик во кариерата.

Каракоч, кој една сезона мина во Македонија, во дресот на Охрид, годинава на полусезоната се врати во татковината.

Тој во пролетниот дел од сезоната настапуваше за тимот на Депсас Спор, а сега ќе се пресели во Спор Тото.

Спор Тото освен на домашна, ќе биде активен и на меѓународна сцена, во Европскиот Куп, а прв ривал му е хрватскиот Пореч.