По седум години Охрид повторно победи во европските купови, а овојпа со рекордна победа што може да ги однесе во следното коло. Вториот македонски тим во Купот на ЕХФ, актуелниот победник на Купот на Македонија, салвеше со 42-31 против Драгунас Клаипеда.
Охрид со триумф 31-25 ја почна новата европска ракометна приказна, победувајќи го романскиот тим Потаиса Турда во Купот на ЕХФ. За „гладијаторите“ ова е највисок триумф во нивните досегашни настапи во европските купови, и прв по седум години. Сега Охрид има и тим, и капацитет да им понуди уште повеќе радост на гледачите во „Билјанини Извори“, а ова треба да биде само почеток на уште една убава охридска спортска приказна.
На македонскиот тим му требаше време да фати „вистински ритам“, а во второто полувреме докажа дека можат да се надеваат на пласман во следната фаза. Секако прво треба тоа да го потврдат во реваншот во Романија, но ако играат како пред домашната публика тоа не би било проблем. Можеа да имаат и повисока предност на крај бидејќи имаа водство од 31-23, па примија два гола, последниот во последните секунди.
Двата тима одиграа ефикасно во првиот дел од средбата, постигнувајќи вкупно 33 бода, покажувајќи дека се повеќе расположени за напад отколу за одбрана.
Предноста на домашниот терен дојде до израз веќе во 11 минути играње кога Ојлески погоди за водство 7-4. Колку што домаќините се трудеа да избегаат резучтатски, толку Романците покажаа добра игра, па не дозволија мечот да има поизвесен крај. Брзо намалија пак на еден гол негатива, и се до 21 минута се играше така.
Тогаш Гал Цирар првпат му донесе водство на Охрид од 14-11, три гола кои му донесоа поголема сигурност на домаќинот. Но, три минути немаше постигнат гол на двете странаи, а она што го пропуштија домаќините го погоди Иракли Кбилашвили и намали на 14-12.
Добрата игра на Охрид беше крунисана и со гол за „плус 4“ откако Мацуока реализираше, и го зголеми водството на 16-12. Темо Орјоникидзе во 29 минута пак зголеми на „плус 4′, но гостите намалија преку Поп за 18-15 на полувреме.
Охриѓани беа решени да покажат дека домашниот терен може да им донесе поголема мотивација, па Темо Орјоникидзе, а потоа и Живан Пешиќ по првпат му донесо предност од пет гола на тимот. Во 37 минута Охрид веќе водеше со 22-17. Откако Бура зголеми на 23-17 во 37 минута, гостинскиот тренер мораше да побара минута одмор, и да се обиде нешто да смени, зашто „гладијаторите“ веќе тргнаа посилно.
Таа предност од 6 гола остава извесно време пред Рудолф Шафранко да зголеми на 26-20, и да му го донесе највисокото водство на тимот дотогаш на мечот. Мечот влегуваше во последната четвртина, а Охрид имаше шанса да зголеми и на плус 7. Но, она што не го реализираа ти го погоди Џивил, па намали на 26-21 во 49 минута. Сега Стефче Алушовски побара тајмаут, за да ги посоветува играчите како да го постигнат она што од нив се бара, а тоа е повисока гол предност.
Брзо вроди плод таа „минута одмор“ па преку Пешиќ а потоа и Шафранко, охриѓани веќе имаа убава предност од 28-21 во 51 минута од средбата. Можеа брзо да зголемат, но Јукиќ имаше не реализирана шанса, а потоа и Орјоникидзе.
Со играч помалку, по искучувањето на Ојлески, Хироки Мацуока погоди за задржување на „седумката“, и во последните пет минути се влезе со предност од 29-22 за Охрид. Беше извесно дека „градијаторите“ ќе победат, но бараа повисока разлика, за помирен реванш. Никола Јукиќ кој го игра својот најдобра меч откако е дојден во Охрид зголеми на 30-22, а гостите брзо вратија. Алушовски го побра својот втор тајм аут, за последни совети, на 2,5 минути до крај на мечот.
Никола Јукиќ со 6 гола, и Гоце Ојлески со пет беа најпрецизни кај Охрид. Темо Орјоникидзе и Гал Цирар погодија по четирипати. Кај гостите Раду Џита со 6 и Иракли Кбилашвили со пет беа најпрецизни
Вториот македонски тим во Купот на ЕХФ, победникот на Купот на Македонија, е речиси пласиран во следното коло, откако со 42-21 го победи Драгунас Клаипеда. Никола Костески со 10 гола беше најпрецизен за тимот од Автокоманда, а Арно Бинго даде девет гола.