Охрид во Прилеп ја продолжи серијата, има „три од три“

Амбициозниот тим на Охрид на гостувањето кај Прилеп ја оправда фаворитската улога триумфирајќи со 30:26 и сега охриѓани имаат „три од три“. За Охрид овие три стартни победи се многу важни, бидејќи тимот на Стевче Алушовски е еден од кандидатите за ТОП 6, па така неопходни се освојување гостински бодови, посебно на незгодни гостувања како денес. Прилеп по три одиграни кола останува со три освоени бодови, оние два од Куманово и бодот со Пролет.

По изедначената игра во првите петнаесетина минути, гостинскиот тим од 8:8 врза три гола во низа и за првпат поведе со повисока разлика од два гола, 11:8 во 18 минута. Цврстата одбрана на Охрид во овој период овозможи да се направи притисок брз нападот на домаќинот, кој до крајот на првото полувреме заостануваше на два до три гола, но и охриѓани немаа голема комоција во играта, па така по 30 минут игра резултатот беше. На моменти, голманот на Прилеп, Христоски, како и голманот на Охрид, Чаневски, имаа свои моменти.

Охрид на стартот на вториот дел зголеми на 18:13 и тука беше јасно дека избраниците на Мојсов ќе треба да дадат повеќе од потребното за да направат камбек. Во 35 минута гостите дојдоа и до пет позитива, 19:14, три минути подоцна и плус шест, 21:15, беше и 22:15, па така домаќините беа во трка со времето, но не успеаја резултатски да се доближат.

Најефикасен во победничката екипа беше Гал Цирар со осум погодоци, во поразениот табор Никола Јеремиќ ја предводеше листата на стрелци со шест реализации.

Охрид во следното коло на свој терен ќе го пречека Тиквеш, додека Прилеп ќе гостува во Автокоманда кај тимот на Кире Лазаров.

 

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР33006
2ОХРИД33006
3АЛКАЛОИД33006
4ВАРДАР 196132014
5ПРИЛЕП31113
6БУТЕЛ31022
7СТРУГА31022
8БИСИНОВ Ф. Л.31022
9ПРОЛЕТ30212
10ТИКВЕШ 201420111
11КУМАНОВО20020
12РАДОВИШ30030