Охрид во евро-лотарија

Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација ќе биде извршена ждрепката за третото коло од ЕХФ Европскиот Куп.

Охрид има висок рејтинг на петтото место пред стартот на сезоната и од прв шешир ќе ја чека ждрепката и новиот ривал.

Има лесни ривали од типот на Слога Добој, Коњух, екипите од Луксембург, грчката Драма, литванската Свиеса, црногорската Будва…но и нагазни мини како словенечкиот Целје и унгарскиот Балатонфуреди.

Ждрепката за третото коло ќе се одржи денеска од 11:00 часот во Виена.

ЕХФ Европски Куп, мажи, 3 коло, ждрепка:

шешир 1:
Охрид
Карвина
Олимпијакос
Војводина
Рунар Сандефјорд
Бузау
Тримо Требње
Извиѓач
Татабања
Дукла Прага
БК-46
Бешикташ
Фиверс Маргаретен
Брно
Сасари
Бурса

шешир 2
Сур Арау
Полва Сервити
Диферданж
Целје
Коњух
Касано Мањано
Тирол
Макаби Тел Авив
Берхем
Будванска Ривиера
Свиеса
Драма
Дуделанж
ПАОК
Слога Добој
Балатонфуреди