Ракометарите на Охрид ќе играат против екипата на Дукла Прага во осминафиналето на ЕХФ Европскиот Куп.
Избраниците на Борис Ројевиќ во претходните две кола ги елиминираа екипите на Баку од Азербејџан со 50 голови разлика и Слога Добој од Босна и Херцеговина со 42 голови разлика.
Во претходната рунда ривалот на Охрид го елиминира грчкиот состав Драма, а во вторто коло беше подобар од романската Констанца.
Првиот натпревар ќе се игра во Охрид на 14/15 февруари, додека реваншот ќе биде на 21/22 февруари во Прага. Доколку го елиминира чешкиот ривал, Охрид ќе го постигне најголемиот европски клупски успех.
ЕХФ Европски Куп, осминафинале:
Охрид (Македонија) – Дукла Прага (Чешка)
Олимпијакос (Грција) – БК46 (Финска)
Карвина (Чешка) – Балатонфуреди (Унгарија)
Целје (Словенија) – Бешикташ (Турција)
Извиѓач Љубушки (Босна и Херцеговина) – Тримо Требње (Словенија)
Брно (Чешка) – Бурса (Турција)
Татабања (Унгарија) – Рунар Сандефјорд (Норвешка)
Коњух Живинице (Босна и Херцеговина) – Бузау (Романија)
























