Охрид во Атина ќе брка полуфинале во Купот на ЕХФ

На патот до полуфиналето на Купот на ЕХФ на Охрид ќе му застане Олимпијакос од Грција. Така решеи ждрпката во Виена на двојките од четвртфиналето на овој Куп.

Во првиот натпревар Охрид ќе гостува во Атина на 27/2 март, а реваншот е на 4/5 април во Охрид. Победникот од овој дуел во полуфиналето ќе игра со подобриот од Целје и Бузау.

Во другите мечеви од четвртфиналето се среќаваат:
пар 1: Татабања – Бурса
пар 2: Целје – Бузау
пар 3: Извиѓач – Карвина
пар 4. Олимпијакос – Охрид

Двојки за полуфинале
побендиците од: пар 2 – пар 4
победниците од: пар 3 – пар 1