Како што најави 24Ракомет, амбициозниот тим на Охрид ќе биде посилен со уште еден интернационалец.
Станува збор за кружниот напаѓач Адмир Пелидија, кој во тимот на Стевче Алушовски пристигна од Ал Аин Емирати.
Црногорецот ги мина младинските репрезентации во својата татковина, а има запишано и настапи за сениорската репрезентација.
Тој потекнува од Рудар Плевља, каде што играше до 2016 година, пред да замине на по една сезона во босанскиот Горажде, турскиот Беледије и шпанскиот Алкобендас.
Во сезоната 2019/20 играше за францускиот Бијер, потоа и во романскиот шампионат, поточно во тимот на Бузау.
Пласманот на Охрид во плеј-офот е веќе потврден, а дали ќе пренесат два или еден бод, ќе биде познато следната недела.
Ново име во таборот на Охрид ќе биде и јапонскиот интернационалец Хироки Мацуока, па така Алушовски ќе има широка ротација за вториот дел од сезоната.