Охрид со победа за старт на подготовките во јужниот сосед, тестираа Вардар и Пролет

Ракометарите на Охрид со победа стартуваа на подготовките во Грција и го совладаа тимот на Дукас.

Избраниците на Стевче Алушовски славеа со 32-30 против третопласираниот тим од првенството, а ги очекуваат уште две контроли против двата најдобри тима од јужниот сосед – АЕК Атина и Олимпијакос.

Најдобри стрелци во македонскиот тим беа Цирар со шест голови, како и Бојаниќ и Шешиќ со по пет погодоци.

Вардар и Пролет одиграа тест натпревар, кој го добија „црвено-црните“ со 28-26, откако и на полувреме водеше поранешниот првак со 17-11.

Овој натпревар беше убава можност за тренерите Владо Недановски и Александар Јовиќ да испробаат повеќе варијанти и ракометари пред стартот на плеј-офот.