Ракометарите на Охрид со победа ја завршија есенската полусезона, која е најуспешна досега во клупската историја.
По триумфот над Еурофарм Пелистер, избраниците на Борис Ројевиќ со комбиниран ростер, славеа кај последнопласираниот тим во Супер лигата, Радовиш, со убедливи 23 разлика, 27-14.
Победникот беше решен уште по првото полувреме, кога „гладијаторите“ направија залиха од осум погодоци, 15-7, а во нападот доминираше триото Тасески, Лиапис и Ристески.
Второто полувреме беше само формално одработување на задачата, па шанса за настап добија повеќето ракометари.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Лиапис и Кукуловски со по седум, како и Тасески и Ристески со по пет гола, додека кај Радовиш се истакнаа Трајанов со четири и Каковски со три реализации. Охрид е трет на табелата со 29 бодови, додека Радовиш и натаму останува на дното.

























