Охрид со ново засилување – го промовира Крсманчиќ!

Тимот на Охрид во продолжение од сезоната ќе биде посилен за средниот бек од Србија, Младен Крсманчиќ.

Српскиот интернационалец ќе биде дел од “Гладијаторите” миниум до крајот на сезоната. Крсманчиќ има 33 години и доаѓа од Вардар.

Има богата кариера зад себе, а пред Вардар настапувал за Чургу (Унгарија), Анаитасуна (Шпанија) како и за српските Југовиќ, Слога и Железничар.

Искусниот среден бек има настапи за репрезентацијата на Србија за сениорскиот тим и сите младински категории.