Тимот на Охрид го очекуваат уште две средби до крајот на суперлигашкиот плеј-оф и тие ќе се одиграат в петок и сабота.
Иако првично мечот со „сино-белите“ беше закажан за четврток, сепак од Автокоманда во последен момент го променија за петок, па затоа охриѓани на тој меч ќе патуваат со комбиниран состав.
Пионерите на Охрид го освоија трофејот во лигата, а во комбинација со кадетската екипа и младинците кои се дел од првата екипа ќе гостуваат во Автокоманда кај тимот на Кире Лазаров.
Поважен натпревар за Охрид е оној со Тиквеш в сабота во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 20:00 часот, па охриѓани сите сили ќе ги насочат кон таа средба.
Претходно в петок, мечот во Автокоманда ќе се игра од 18:00 часот.