По пласманот во Топ-8 во Купот на ЕХФ, екипата на Охрид продолжи побендички. Запишаа убедлива гостинска победа во Скопје, откако во 22. коло од регуларниот дел во Супер машката лига го совлада Пролет со 39-23 во салата „Македонско сонце”. На полувреме гостите веќе имаа сигурна предност од 16-9 и до крајот само ја зголемија разликата.
Тимот на Охрид одигра одличен натпревар во напад, со висок процент на реализација – 39 голови од 47 шута (83%). Во составот на охриѓани најефикасен беше Давид Савревски со 10 гола, а силна поддршка имаше и од Ален Kjосевски и Џанфранко Прибетиќ со по 5 погодоци.
Тимот на Борис Ројевиќ со 35 бода продолжува во плејофот, додека Пролет во разигрувањето за опстанок ќе има 13 бода. По регуларниот на сезоната Вардар е прв со 42 бода, Еурофарм Пелистер им 38, а Охрид има 35 бода.
Скопскиот тим тешко го следеше ритамот на Охрид, особено во второто полувреме, кога гостите целосно ја контролираа играта и ја претворија разликата во убедлив триумф. Кај Пролет, најефикасни беа Горазд Дамчевски и Никола Стоилевски со по 5 гола, а Томислав Димковски додаде 4.

























