Амбициите на Охрид се големи за следните сезони, а како засилувања доаѓаат играчи кои во својата кариера имаат играно во врвни клубови. Најновото засилување доаѓа од Шпанија, од АСОБАЛ лигата и искуство како член на Барселона. Последниве години настапувал за тимот на Гранољерс.
Ориол Реј Моралес е играч од одбраната, и беше избран за најдобар дефанзивец во Асобал лигата за 2024/2025! Тој треба да остане во Охрид најмалку две сезони, до 2027 година.
Сезонава Реј Моралес настапуваше за Гранољерс во Европската Лига и во домашниот шампионат. Освен во тимот на Гранољерс, тој шест сезони беше дел од Барселона и настапи во Лигата на Шампионите и играл две сезони во франуското првенство и настапи во ЕХФ Европската Лига со тимот на Екс Ан Прованс.
Има настапи за сите младински категории за репрезентацијата на Шпанија и освоена бронза на европското младинско првенство во 2014/15. Има настапи и за Шпанија на пријателски натпревари и турнир во Катар и секогаш е на поширокиот состав за сениорскиот тим.