Тимот на Охрид во продолжение на сезоната нема да смета на левиот бек Теимураз Орјоникидзе, иако тој имаше договор до јуни.
Сепак поради повредата, грузискиот репрезентативец нема да му се стави на располагање на тренерот Борис Ројевиќ.
Поради тоа двете страни решија спогодбено да го раскинат договорот и секој да тргне на своја страна.
Орјоникидзе дојде пред две сезони во Охрид од финскиот Рихимаки Кокс и имаше одлични настапи пред да се повреди на репрезентативниот настап минатиот мај.
Охрид има 11 странски ракометари, а само девет ќе може да бидат во составот за плеј-офот, што ќе значеше и помала минутажа за Орјоникидзе, па ќе замине во клуб каде што би добил поголема прилика.


























