На Охрид му требаа 25 минути да сфати дека „нема шега“ со Бутел, па мораше да запне за да го „сврти“ резултатот и на крај да триумфира со 26-23 (11-9). Гостите од Скопје покажаа дека на секој терен ќе бидат со иста желба и мотив, и ако им се укаже шанса ќе бидат незгоден ривал.
Кога Бутел поведе со 9-7 во 21 минута беше јасно дека за домашните ќе биде проблем ако продолжат така. Тогаш како да го смениј ацелсоно пристапот во играта, па брзо направиј апресврт и водеа со 11-9 н аполувреме.
Бутел имаше долг перио дбез постигнатгол, цели 12 минути, па откако во 21 минута поведос со 9-7 следниот гол до дадоа дури во 33 минта, но тогаш Охрид веќе имаше предност. Потоа веќе беше тешко да се фати возот, зошто и Охрди веќе играше сериозно.
Предноста на домашните се зглем на 5-6 гола, и тоа беше знак дека нема да има драмна. До крај само рутински се задржа резултатот во корист на „гладијатрите„.
Рудолф Сафранко со 6 и Гал Цирар со 5 гола беа најефикасни кај Охрид, а Димитар Ѓеоргивски постигна 7 гола за Бутел.