Охрид пријави и женска екипа

Раководството на Охрид за претстојната сезона, покрај во машките конкуренции, пријави екипа и во женска конкуренција.

Пионерките на Охрид, предводени од некогашната репрезентативка Александра Џамтоска, ќе играат во новата сезона.

Охриѓани имаат големи амбиции со машкиот клуб, донесоа многу засилувања, но обрнуваат внимание и на младинските категории.

Покрај сениорите, пријавени се екипи кај пионерите и кадетите, а покрај машкиот ракомет, охриѓани ќе имаат можност да следат женски ракомет во иднина.

Џатмоска се докажа во работата со младинските категории, па нема сомнеж дека младите ракометарки од Охрид ќе бидат во вистински раце.