Охрид понуди две средби во „Билјанини Извори“, Босанците одбија

Познати се термините за двете средби меѓу Охрид и босанската екипа Слога Добој од третото коло во ЕХФ Европскиот Куп.

Охриѓани им понудија на Босанците двете средби да бидат организирани во СРЦ „Билјанини Извори“, но тие ги одбија предлогот.

Првата средба ќе биде закажана за 16 ноември во Охрид, додека реваншот треба да биде во Добој на 22 ноември.

Допрва Европската ракометна федерација треба да ги потврди термините и саатниците за овие две средби по кои ќе биде познат патникот во осминафиналето.

Охрид со две победи против азербејџанскиот Баку стигна до оваа фаза, додека Слога имаше победа и пораз со летонскиот Тенакс Добеле.