Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени редните броеви на екипите што ќе играат во Супер лигата наредната сезона.
Во првото коло Вардар ќе и гостува на Струга, додека дербито ќе биде во Автокоманда, каде доаѓа Охрид.
Шампионот Еурофарм Пелистер одбраната на титулата ќе ја започне со гостување кај Бутел Скопје.
Интересна треба да биде пресметката меѓу Пролет и Тиквеш, додека новиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2 го пречекува Радовиш.
Супер лига, 1 коло:
Прилеп – Еурофарм Пелистер 2
Куманово – Радовиш
Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер
Пролет – Тиквеш
Алкалоид – Охрид
Струга – Вардар